HEX- Издржлив, целосно вентилиран шлем за качување, планинарење и други активности со јаже. Поради својата издржливост, вентилација и разновидност, погоден е и за спортско и алпинистичко качување, како и виа ферата искачувања или специјализирани авантуристички паркови. Конструкцијата со 35 дупки за вентилација и вкупна површина од 108цм2 гарантира максимална вентилација. Внатрешната облога е едноделна за да се спречи губење на помали делови, има подобро држење и целосно се отстранува и може да се пере. Оваа кацига со модерен дизајн ја има во 5 бои.
HEX | ТЕЖИНА | ГОЛЕМИНА |
М | 300гр | 52-58цм |
L | 330гр | 55-61цм |