Сите тие денови поминати на карпа и искачувањето на големи врвови може да создадат посебна врска помеѓу вас и вашата опрема за качување што го отежнува збогувањето со опремата, а потоа следуваат и трошоците за замена на скапата опрема. На крајот, сепак, ќе дојде денот кога ќе треба да се збогувате со вашата доверлива опрема, а знаењето кога тоа треба да се случи ќе ви помогне да продолжите безбедно да се качувате.
Да знаете кога да ја повлечете вашата опрема за качување не е некоја голема наука. Понекогаш ќе можете да забележите очигледна штета и да знаете дека е потребна замена. Друг пат, нема да видите ништо лошо и забележително, но сепак знаете дека е време да ја смените опремата. За да дознаете, важно е секогаш внимателно да ја проверувате вашата опрема за оштетување, притоа да ги следите упатствата на производителот за очекуваниот животен век на производот и кога ќе се двоумите, бидете внимателни и повлечете го со тоа што ќе најдете друга употреба за него или ќе ја фрлите.
ВАЖНО: Кога пензионирате опрема што се смета за несоодветна за качување, мора да се погрижите вие или некој друг да не ја користите повторно за качување. Важно е јасно да се означи опремата што е повлечена или да се уништи со нејзино сечење.
Еве малку повеќе детали за тоа кога и како да ги повлечете јажињата, појасите, карабинерите, кацигите и појасите.
Кога да се повлече јажето за качување
Веднаш повлечете го јажето за качување ако претрпело голем пад со екстремни оптоварувања или ако има оштетувања како што се исеченици, сплескани делови, вкочанетост или прекршување.
Дури и јажето кое не покажува видливи знаци на оштетување мора на крајот да се повлече. Еве неколку груби упатства:
- По пад со екстремни оптоварувања или други оштетувања: веднаш
- Честа употреба (неделна): 1 година или порано
- Редовна употреба (неколку пати месечно): 1-3 години
- Повремена употреба (еднаш месечно): 4-5 години
- Ретка употреба (1-2 пати годишно): 7 години
- Никогаш не користен: 10 години
Водете дневник за користење на јажето: Датумот на купување, зачестеноста на користењето и бројот и сериозноста на падовите во дневникот ќе ви помогне да одредите точно кога е време да го повлечете јажето.
Како да го проверите јажето за качување: За да ја знаете состојбата на вашето јаже, важно е да го проверувате пред секое искачување. Направете го ова со поминување на секој сантиметар од јажето низ вашите раце за да проверите и почувствувате дали има штета.
Направете ги овие проверки додека го проверувате вашето јаже:
- Дали има екстремно нејасни области?
- Дали гледате или чувствувате исеченици?
- Дали гледате или чувствувате рамни-сплескани точки?
- Дали го чувствувате јажето круто?
- Дали го гледате јадрото?
- Дали гледате промена на бојата од изложување на сонце и/или хемикалии?
Ако одговорот е ДА на кое било од овие прашања, повлечете го јажето.
Постои можност и и да се исече оштетена површина што е блиску до крајот на јажето и да се користи како скратено јаже, но треба да биде соодветно обележано јажето.
Кога ќе одлучите дека е време да го пензионирате јажето, проверете дали можете да најдете креативна употреба за него наместо да го фрлите во ѓубре. Можеби можете да го претворите во килим, поводник за кучиња или додаток за облека, бидете креативни.
Кога да се повлече појасот за качување
Веднаш повлечете го појасот за качување ако покажува знаци на прекумерно абење, како што се кинење, триење или друго оштетување на алката за закачување или структурната ткаена на појасот .
Дури и ако вашиот појас е правилно складиран и/или користен и не покажува видливи оштетувања, мора да го отстраните од употреба ако е стар повеќе од седум години. Ако сте професионалец во качување, како што е водич на планина, или сте качувач со полно работно време, треба да престанете да го користите вашиот појас не покасно од една година по првата употреба. Изложеноста на сонце и други елементи може да ги деградира структурните материјали во појасот.
Како да го проверите вашиот појас за качување: За да забележите оштетување на појасот, направете ги овие проверки пред секое спремање за искачување:
- Дали гледате ресење или пукнатини на делови од појасот и алката за закачување?
- Дали има прекумерно абење на алката за закачување?
- Дали некоја од токите е оштетена?
- Дали е променета бојата на делови од појасот?
- Дали појасот има индикатор за абење во алката за закачување, можете ли да го видите?
Ако одговоривте потврдно на кое било од овие прашања, време е да го повлечете вашиот појас.
Кога да се пензионираат карабинерите
Веднаш повлечете го карабинерот ако е напукнат, прекумерно истрошен или има вратичка што не функционира правилно. Треба да се повлече и карабинер што е паднат од значителна висина (Паднатите карабинери може да претрпат оштетување, но сепак изгледаат недопрени).
За да ги препознаете проблемите со вашите карабинери, важно е редовно да ги правите овие проверки:
- Дали гледате пукнатини, остри рабови или корозија?
- Дали има прекумерно абење, како што се длабоки жлебови, предизвикани од триење на јажето? (Основната боја на карабинерот што е отстранета не е критична.)
- Дали има лабави, свиткани или исчезнати навртки-спојки?
- Дали има метални неправилности- видливи остри делови?
- Дали вратичката се отвора и затвора бавно или не работи правилно?
- Дали механизмот за заклучување (ако има) работи правилно?
Ако одговоривте потврдно на кое било од првите четири прашања, веднаш треба да го повлечете карабинот. За последните две прашања, можеби е можно да се реши проблемот со подмачкување иодржување , меѓутоа, ако проблемот продолжи, повлечете го карабинерот.
По пензионирањето дајте им на вашите карабинери уште еден живот како држачи за клучеви или држачи за вашите шишиња со вода.
Кога да се повлече кацигата за качување
Веднаш пензионирајте го секоја кацига што е вдлабната, напукната или оштетена. Ова вклучува кациги со оштетени каиши за врзување. Дури и ако не гледате знаци на видливо оштетување, треба да го повлечете шлемот по секој инцидент каде што сте помислиле: „Сериозно ќе се настрадав ако не носев кацига“. Ова е особено важно за шлемови со пена одвнатре, која е дизајнирана да ги прими силите на ударот преку деформација.
Дури и ако никогаш не бил засегнат од инцидент, повлечете ја кацигата во рок од 10 години. Сончевите УВ зраци полека ги деградираат материјалите, па ако често се качувате, преполовете го овој животен век на 5 години.
За да бидете во тек со состојбата на вашата кацига, извршете ги следните проверки пред секое пакување за качување:
- Дали има забележливо оштетување на надворешната обвивка? Малите испакнатини се во ред; големи вдлабнатини не се.
- Дали има проблеми со каишката за врзување или други елементи?
- Дали каишките заврзување се разресени или искинати?
- Дали пената е оштетена или лабава во своето лежиште во кацигата?
Ако одговорот на некое од овие прашања е ДА, тогаш набавете нов шлем.
Кога да се пензионираат гуртни, замки, јаженца и друг текстил
Веднаш пензионирајте ги гуртните, замките, јаженцата и другиот текстил ако се искинати, изгорени, тврди, обезбоени или избледени или ако биле вклучени во тежок пад.
Повеќето производители наведуваат дека дури и ако никогаш не се користат гуртните, замките, јаженцата и другиот текстил треба да се повлечат по 10 години. Со умерена употреба и без поголеми дефекти, очекуваниот животен век може да биде поблиску од две до пет години. Вистинскиот животен век зависи од тоа колку често ги користите и дали тие претрпуваат некакво оштетување.
Редовно проверувајте ги гуртните, замките, јаженцата и другиот текстил и заменете ги доколку најдете нешто од следново:
- Разресеност или дупки
- Изгорени, загорени или стопени делови
- Оштетеност на сошиените делови и било какви физички оштетувања
- Значително избледување поради изложување на сончева светлина
- Промена на бојата од контакт со штетни течности
ВНИМАНИЕ!
Качувањето карпи, мраз и планинарењето се опасни спортови, овие совети служат за полесно да одберете соодветна опрема и се базираат на препораките од производителите на опрема и општо прифатените практики во спортовите.
За соодветна обука и примена на истите треба да се обратите во спортско качувачките, алпинистичките и планинарските клубови, каде има соодветни интруктори!